Урсула фон дер Лајен денеска во посета на Скопје

Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја започне својата турнеја на Западен Балкан со посета на Скопје.

Се очекува Фон дер Лајен да даде одговор каква ќе биде помошта што ќе ја добие нашата земја од ЕУ за надминување на енергетската криза.

Минатата недела во Стразбур таа најави дека еден дел од помошта во областа на кризата ќе биде вклучување на земјите од Западен Балкан во заедничкото купување на енергенси со земјите од Европската унија.

По престојот во Скопје, таа на 27 октомври ќе замине во Приштина, а потоа во Тирана. В петок, на 28 октомври ќе ги посети Сараево и Белград, а посетата на регионот ќе ја заврши в сабота на 29 октомври во Подгорица.

Портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер, најавувајќи ја турнејата на Западниот Балкан, рече дека Фон дер Лајен доаѓа со цел да ја „нагласи солидарноста со регионот“, како и да се потврди „европската перспектива“.