Антикорупциска ја сопре постапката за набавката на првите 200.000 кинески вакцини минатата година, која беше спорна за ВМРО-ДПМНЕ и пријавена во ДКСК од нивна страна.
Антикорупционерите утврдија дека со набавката буџетот на земјава не бил оштетен, бидејќи Пекинг веднаш ги вратил парите на Македонија, откако увидел дека сакаат да набават вакцини преку фирма посредник, а не директно со Синофарм.
Тогаш ВМРО-ДПМНЕ обвини дека станува збор за кривично дело, а премиерот и министерот за здравство пробуваат да направат само профит. Според нивните информации цената со која би ги откупиле вакцините би била двојно повисока, па ако Унигарија купувала една вакцина за 30 евра, Македонија истата би ја добила за 60. Низ низа прес конференции обвинија дека фирмата преку која Владата проба да набави вакцини е фантом фирма, бидејќи била регистрирана неколку месеци пред набавката.
Но сепак според антикорупционерите нема основа да се постапува, а колку платиле Владата и Министерството за здравство за Македонија да ги добие првите вакцини Синофарм, не се знае бидејќи документот е класифициран.
Но сепак и тие велат дека доколку се набавеле вакцините, ќе чинеле дупло.
Кина откако увиде дека земјава пробува да добие вакцини преку фирма посредник од Хонк Конг ја откажа набавката, бидејќи имаше сомнежи за иамама, а Владата ги прекина сите активности со фирмата посредик.Потоа по редовен пат склучија договор со Синофарм.