Министерот Бесими во работна посета на Брисел, на средби со еврокомесарите Хан и Џентилони
Министерот за финансии Фатмир Бесими утре ќе престојува во работна посeта на Брисел, каде ќе оставари средби сo еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан и еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.
Посетата е во пресрет на активностите на Министерството за финансии за подготвување на најзначајните документи – Буџетот за 2023 година, Програмата за економски реформи, во која се утврдуваат реформите што се преземаат во наредниот период, а кои заеднички се утврдени со ЕК, како и подготовка на акцискиот план за имплементација на препораките од Извештајот на ЕК за напредокот на РС Македонија за 2022 година.
Исто така, на средбите министерот ќе информира и за можноста за користење на поволни средства од Меѓународниот монетарен фонд преку ПЛЛ програмата, а ќе биде покрената и иницијатива за буџетска поддршка за справување со предизвиците од енергетската и ценовна криза од ЕК преку МФИ.
Посетата на министерот Бесими на Брисел е значајна и од аспект на започнатиот билатерален скрининг процес, по усвојување на Преговарачката рамка за РС Македонија и одржување на прватa Меѓувладина конференција, во процесот на пристапување кон ЕУ.
Актуелната енергетска и ценовна криза, која има големо влијание врз економијата во земјата, мерките што ги презема Владата за справуање со кризата, но и реформите што земјата ги спроведува на патот кон целосна евроинтеграција и повисок економски раст, ќе бидат исто така дел од темите на кои ќе се разговара на средбите. Поддршката од Европската комисија во спроведување на реформите е значајна, а ваквите средби се позитивен придонес кон нивна имплементација. Покрај реформите, на средбите ќе биде отворено и прашањето за помош од ЕУ за справување со последиците од енергетската и ценовната криза.