Неопходните количини на природен гас за работа на топланите во ноември, ЕСМ ќе ги набави од Макпетрол. Како што информираат од компанијата, на тендерот за набавка на гас добиле официјална понуда само од „Макпетрол“ поради што се одлучиле гас за ноември да набават од македонската компанија.

Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма.

Сепак, попладнево од ЕСМ со ново соопштение информираа дека по разгледувањето на новите понуди утврдено било дека цената на понудата од Макпетрол е висока и дека есм размислува дали да се набави гас за ноември од макпетрол или да се почекаат другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни.