Актуелната премиерка на Велика Британија Лиз Трас последен пат зборуваше пред резиденцијата во Даунинг стрит 10.
Таа го започна својот говор велејќи дека е голема чест да се биде премиер и да се има можност да се води нацијата во периодот на жалост по смртта на кралицата Елизабета Втора.
Трас исто така додаде дека е задоволна што за време на нејзиниот мандат, кралот Чарлс станал нов крал.
– Мојата влада постапи итно и решително за да им помогне на вредните семејства. Им помогнавме на илјадници бизниси да избегнат банкрот. Успеавме да и ја вратиме енергетската независност на земјата и повеќе да не се потпираме на странски сили – рече таа.
Таа потоа рече дека треба да ја искористат слободата по Брегзит и да ги прават работите поинаку.
– Тоа значи дека треба да обезбедиме повеќе слобода за нашите граѓани и да ја вратиме власта во нашите демократски институции. Мораме да можеме да ги надминеме авторитарните режими – рече таа.
Премиерот тогаш рече дека Британија мора да продолжи да ја поддржува Украина.
– Украина мора да победи и мора да продолжиме да ја зајакнуваме одбраната на нашата земја – рече Трас.
Таа заврши посакувајќи му среќа на нејзиниот наследник Раши Сунак.
– Продолжуваме да се бориме низ бурата, но јас верувам во Британија, верувам во британскиот народ и знам дека ни претстојат посветли денови – изјави на крајот Трас.
По завршувањето на својот говор, Трас ќе се упати кон Бакингемската палата со своето службено возило на последната аудиенција со кралот Чарлс.