Арсовска: Скопјани ќе имаат вода, Обвинителството да ги разгледа заканите

Апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија за да се спречи оваа закана да се реализира, вели градоначалничката.

За прекинот на водоснабдувањето за Град Скопје, кој беше најавен од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), апелирам до надлежните институции, до Јавното обвинителство и сите оние кои сметаат дека ова е индиција за планирање на попречување на работата и прекин на водоснабдувањето да си преземат соодветни дејствија за да се спречи оваа закана да се реализира, рече градоначалничката Данела Арсовска на денешната прес-конференција.

Таа вели дека сака да ги смири граѓаните дека ќе имаат континуирано, квалитетно и непречено снабдување со вода и да ги повика надлежните институции да постапуваат по допрен глас за заканата од минатата недела.

Арсовска, исто така, рече дека ги охрабрува сите синдикални организации своето право на штрајк да го практицираат и реализираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени.