10 најниски плати во Македонија

На дното со просечни плати во Македонија се наоѓаат вработените во заштитни и истражни дејности каде просечната плата изнесув 18.320 денари или плата која е за 13.551 денар помала од просечната плата во Македонија.

Потоа следуваат платите на вработените во дејноста Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата каде се со просечна плата од 20.420 денари, додека вработените во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа се со просечна плата од 21.345 денари.

Вработените во производство на облека земаат просечна плата од 21.993 денари а веднаш под нив се вработените во производство на мебел со просечна плата од 22.871 денари. Вработените во дејноста Рибарство и аквакултура имаат просечна плата од 23.070 денари. Дејности за подготовка на оброци и служење на храна земаат просечна плата од 23.072 денари, а по нив следат вработените во Дејности на социјалната заштита без сместување со просечна плата од 23.117 денари. Вробетените во дејноста Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал се со просечна плата од 23.411 денари. На 10то место во листата со најниски просечни плати се вработените во Дејности на вработување каде имаат просечна плата од 23.963 денари.

Во Македонија, само една дејност има примања над два ипол пати повесока од просечната плата, а тоа се вработените во дејноста Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности

Разликата помеѓу најниската просечна августовска нето плата во Македонија и највисоката изнесува четири ипол пати.