Што направивме, што денеска се случува и што е она кое што ќе го направиме во периодот кој што следи бидејќи нова генерација политичари во Македонија, нова генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврската и привилегијата е да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека сите ние можеме да одговориме на тој предизвик она како што знаеме и умееме, цврсто, храбро и мотивирано и да го одбраниме македонскиот народ, вели проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот Научен симпозиум 129 години ВМРО „БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски нагласи дека граѓаните очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата да ги преземе сите чекори за обезбедување на иднина на граѓаните, и покрај тоа што на централно ниво е опозиција, потенцирајќи дека за тоа е потребен општествен договор за кој што зборувал минатата година на Конгресот.
Јас ќе зборувам за сегашноста, но и за иднина бидејќи мораме да имаме план, визија и стратегија како да стигнеме до иднината. Тоа е суштината, затоа што македонскиот народот и граѓаните во Македонија Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, сите оние кои што денеска живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата и кои се чекорите кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој еден очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво сме опозицијата. И тоа е привилегија, но и голема одговорност, затоа што иднината е она за кое сите ние треба да се бориме. Да обезбедиме иднина на поколенијата после нас, а за тоа ни треба еден голем општествен договор за кој што зборував на последниот Конгрес минатиот декември. Велевме обединување и отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон општествените елити, различни структури на луѓе, младите, кон оние кои што се во посериозни години, кај професорите, работниците, адвокатите, докторите, медицинските лица, кај сите оние буквално кои што во општеството се уште не го дале својот последен збор, бидејќи и таква е критиката дека некако политички партии се затворени и некако како да не дозволуваат овие силни општествени слоеви да пренесат силно општествена енергија внатре во политичките партии. А ВМРО-ДПМНЕ преку овој нов општествен договор сака таа енергија да ја ослободи и да ја обедини преку главниот столб, а тоа е ВМРО-ДПМЕН и потоа како иднина влада која што ќе го има јас сум убеден мнозинството во парламентот, таа енергија да ја ослободи во општеството, и преку таа енергија да ги донесе промените кои што им се потребни на сите граѓани, рече тој и додаде дека како дел од тој договор бил и современиот патриотизам кој што ја проектира Македонија за години па и децении од денес во различни области.