Министрите за одбрана на Русија и на Велика Британија разговараа за Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска разговараше за ситуацијата во Украина со секретарот за одбрана на Велика Британија, Бен Волас, соопшти руското Министерство за одбрана. Претходно беше соопштено за разговори со неговиот француски и со турски колега.

Како и во претходните повици, Шојгу „на својот британски колега му ја пренесе загриженоста за можните провокации од Украина со употреба на „валкана бомба““, се вели во соопштението на МО.

Засега нема сооппштение од МО на Велика Британија за разговорот