Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека економската состојба во земјата ќе продолжи да се подобрува и дека имаат доволно од се.
„Верувам дека три години кумулативно ќе бидеме земја број еден во Европа по стапка на раст. Ќе купиме 100.000 тони пченка, за да ги наполниме сите резерви. Луѓето не треба да се грижат. Секој ден ги зголемуваме и надополнуваме резервите. Ќе наполниме со дизел, имаме уште 36.000 тони во магацините. Последниве 21 ден немаме увезено ниту киловат струја. Сè уште имаме гас во складиште. Ќе преживееме, ќе преживееме добро. Имаме доволно сол, шеќер, масло. Ако се затвори утре, имаме доволно за неколку месеци. Имаме само 12 милиони килограми во стоковната резерва. Купивме грашок и грав, и ако заврши светот, ќе преживееме“ – објасни Вучиќ.