Лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев посочува дека додека во цел свет цената на храната се намалува, во Македонија се зголемува.
Според него, треба веднаш да се замрзнат цените на производите.
„Во изминативе месеци, цената на храната во светот се намалува, а во Македонија се зголемува. Ама, ни велат од Владата, кризата ни била „увезена”!? Мрш бе таму, профитери ратни капиталистички! #ЗамрзнувањеНаЦените“ – посочува Апасиев.
Ценовниот шок го чувствуваат и граѓаните.