Шолц: До 30% од Германците не се за санкции или испорака на оружје за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц за денешното издание на весникот „Велт ам Зонтаг“ изјави дека до 30 отсто од Германците се против државната политика на санкции или испорака на оружје за Украина.

„За време на разговорот со граѓаните на Германија добив впечаток дека меѓу 20 и 30 отсто од нив не се согласуваат ниту со санкциите, ниту со испораката на оружје во Украина. Меѓу нив имало поддржувачи на сите политички партии“, рече Шолц, пренесува ТАСС.

Шолц додаде дека Германија ќе продолжи да му дава поддршка на Киев, вклучително и воена помош.

Канцеларот изјави дека противници на таквата политика на неговиот кабинет се граѓани од речиси сите политички ставови, вклучувајќи го централно-десниот блок ЦДУ/ЦСУ, Слободната демократска партија, Зелените и Социјалдемократската партија на Германија.