Американскиот претседател Џо Бајден во ноември ќе наполни 80 години, но изјави дека има намера пак да се кандидира за втор мандат во 2024 година. Вели дека се уште не донел конечна одлука.
Во интервју за „Ем-Ес-Ен-Би-Си“, демократот рече дека во моментот не одлучил бидејќи доколку објави, ќе има цела низа барања и „ќе треба да се однесува како кандидат“.
Тој истакна дека сопругата Џил ја поддржува неговата желба за кандидатура за реизбор за претседател.
Бајден е најстариот претседател некогаш избран во САД. На почетокот од евентуалниот втор мандат ќе има 82 години, а на крајот би имал дури 86.