Албанија одбра начин за штедење струја – по 22 часот ќе се гасат сите светилки

Владата на Албанија вчера до парламентот достави план-мерки за штедење на електрична енергија.

Со овој предлог е предвидено после 22 часот да се гаси осветлувањето на секој главен и меѓуспореден пат, како и надворешното осветлување на сите институции, споменици, плоштади, фонтани.

Инвертерите во државните институции треба да бидат поставени на температура пониска од 27 степени, а во текот на зимата температурата не треба да биде повисока од 21 степен.

Буџетските корисници да ја намалат потрошувачката за 15%, стои во документот. Во спротивно ќе бидат казнети.

За реализација на овој план ќе биде назначен енергетски администратор во секоја институција, и доколку не се исполни целта, ќе бидат казнет со околу 400 евра.

Оваа мерка би траела се до завршување на вонредната состојба со снабдување на електрична енергија.