Холандските пратеници побараа Владата да стави вето на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген, бидејќи тие сакаат да го анализираат функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји, објави „Romania Journal“.
Во одлуката, усвоена од холандскиот парламент, се наведува дека распространетоста на овие прашања во шенген-земја „може да предизвика сериозни проблеми за функционирањето на граничната контрола на засегнатата земја и затоа претставува ризик за безбедноста на Холандија и целата Шенген зона“.
Хрватска е на пат да се приклучи кон Шенген зоната, а единствените земји-членки на ЕУ кои остануваат надвор од зоната се Бугарија, Романија, Кипар и Ирска.
Шенген зоната вклучува држави кои не се членки на ЕУ – Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.