По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“, Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија, информираат од македонското МНР.
„Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“ се вели во соопштението.