Вархеји ја потсети Србија дека треба да воведе санкции за Русија

Европските политичари продолжуваат со укажувањата дека и Србија треба да воведе санкции за Русија.

Комесарот за проширување Оливер Вархеји вели дека во актуелниот геополитички контекст, Србија треба да ги засили напорите за усогласување со позициите на ЕУ во надворешната политика, вклучително и декларации и санкции.

Во интервју за Дневниот европски сервис, нов сервис на агенцијата Бета, Вархеји вели дека Србија е во „многу специфична ситуација“.

„Сепак, сегашната геополитичка ситуација бара поконкретни одговори од нашите партнери“, подвлече еврокомесарот.

Вели дека Србија направила стратешки избор кога барала членство во ЕУ и дека одлуката подразбира усогласување со надворешната политика на Унијата.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Емануел Жофре, изјави дека „не постои рок до Белград“ да воведе санкции кон Русија, но дека ова прашање „привлекува внимание“ во европските метрополи и во европскиот Парламентот.