Британската премиерка Лиз Трас поднесе оставка од функцијата што ја извршуваше нешто повеќе од еден месец.
Како што рече во своето обраќање пред новинарите „таа ја презеде функцијата во време на голема економска и меѓународна нестабилност“.
Трас изјави дека не може да го исполни она за што е избрана и затоа поднесува оставка.
Трас го замени Борис Џонсон на почетокот на септември, кој беше принуден да замине по турбулентна година, обележана со скандал со забава во кабинетот на премиерот, додека Британците мораа да почитуваат строги мерки поради Ковид-19.
Трас, која беше на власт нешто повеќе од шест недели, се бореше за политички опстанок од 23 септември, кога ја започна економската програма позната како „мини-буџет“, која новиот британски канцелар за финансии Џереми Хант, речиси целосно ја поништи, најавувајќи стопирање на планот за субвенционирање на енергијата, со порака дека земјата треба да ја врати довербата на инвеститорите.
Во меѓувреме, неколку пратеници побараа оставка од премиерката.