И приватните автобуси ќе престанат да возат утре ако не им се исплатат плати
Над еден милион евра им должи Град Скопје на приватните превозници.
Од „Слобода превоз“ и „Макеспрес“ велат дека три месеци не им се дадени пари, а веќе три недели не им се исплаќаат ниту неделните аванси. На „Слобода превоз“ му се должат 45 милиони денари, а на „Макеспрес“ 25 милиони денари.
„Чекаме да видиме на денешната седница дали ќе бидат предвидени пари и за нас. Не може на ЈСП Скопје да им се дадат пари само за нивните плати, мора да има и за нас во спротивно и ние нема да возиме. На ЈСП им се касни три дена, а нас ни каснат три месеци“ – вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, пренесува „СДК.мк“.
Милорад Димитриевски еден од сопствениците на „Макеспрес“ рече дека тие и во моментов не возат со сите автобуси оти немаат пари да стават нафта.
„Денеска имаме состанок во Град Скопје и ќе видиме што ќе се долучи, но доколку нема пари и за нас, нема ниту ние да возиме“ – вели Димитриевски.