Украина доби две милијарди евра од ЕУ

Украина денеска доби помош од две милијарди евра од Европската унија. Ова е прва транша од пакетот помош во вредност од 5 милијарди евра.

Украинскиот премиер Денис Шмихал попладнево ја поздрави финансиската помош од Европската унија.

„Дополнителни финансиски средства ќе ни помогнат да ги покриеме тековните буџетски трошоци, пред се во социјалната и хуманитарната сфера“, најави Шмихал.

Да потсетиме, денеска руските сили продолжија со насилните напади врз украинската енергетска инфраструктура, што предизвикуваше повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во три големи градови.