Уапсен осомничен за шест убиства во Калифорнија

Полицијата во Стоктон, САД, уапси 43-годишен маж осомничен за шест убиства во тој град во централна Калифорнија.

Весли Браунли беше приведен вчераутро откако планираше да „лови“ по друга можна жртва, изјави началникот Стенли Мекфејден на прес-конференција.

„Беше во мисија да убие“, рече шерифот, додавајќи дека полицијата спречила уште едно убиство.

Браунли носел пиштол во моментот на апсењето.

Пет мажи беа убиени во Стоктон помеѓу 8 јули и 27 септември во слични околности. Уште еден маж беше убиен во април 2021 година во Оукленд, 80 километри западно од Стоктон.

Жртвите биле на возраст меѓу 21 и 54 години.

Мотивот за убиствата не е утврден, а осомничениот треба да биде изведен пред судија следната недела.