Лидерот на владејачките полски конзервативци Јарослав Качински денеска во Мишков изјави дека Полска ќе има корист од нуклеарното оружје, но дека тоа во моментов не е можно.
-Сакаме да имаме силна армија од сите аспекти, освен што не планираме да имаме нуклеарно оружје, бидејќи тоа во моментов е невозможно, иако би било корисно за нас, рече Качински на средбата со жителите на Мишков, во југозападна Полска.
Тој информираше за обидот на официјална Варшава да ја искористи војната во Украина и заканата на Русија за да ја вооружи Полска со нуклеарно оружје барем преку американската програма за нуклеарно споделување, во која пет земји во Европа имаат нуклеарно оружје стационирано во нивните бази и можат да го користат по одобрение од САД, изјави на 5 октомври полскиот претседател Анджеј Дуда.
-Проблемот е пред сè што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери дали САД размислуваат за таква можност
-Темата е отворена, рече Дуда во интервју за неделникот Газета Полска.
Претседателот Дуда и неговото тврдење за разговорите меѓу Варшава и Вашингтон веднаш беа демантирани од Пентагон и американската администрација.
-САД не планираат да распоредат нуклеарно оружје на територијата на членките на НАТО кои се приклучија на Алијансата по 1997 година, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.