Орбан: Армијата е потребна како одвраќање во случај на конфликт

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на неговата земја и е потребна армија способна да дејствува како одвраќање и да обезбеди мир во случај турбулентната економска ситуација да предизвика војна во Европа.

– Не можеме да си ги закопаме главите во песок како ноеви. Мора да се соочиме со реалноста. Ако вака продолжи, санкциите ќе ја потресат Европа, економијата на континентот ќе падне на колена, луѓето би можеле да бидат во опасност и изгледа дека треба да се подготвиме за долга војна – рече Орбан.

Тој додаде дека на Унгарците им е потребна „армија за одвраќање подготвена за удар и способна да гарантира мир“.

– Не можат да бидат успешни оние кои не се подготвени да дејствуваат и не се дисциплинирани. Оние кои немаат вера, нема да имаат за што да се борат – рече Орбан на церемонијата на положување заклетва на доброволните воени регрути.

Орбан на почетокот на годината рече дека Унгарија ќе ги подобри своите воени капацитети во следната деценија бидејќи само моќна национална армија може да ја обезбеди безбедноста на земјата, додавајќи дека европските нации не треба да се потпираат само на САД во прашањата за одбраната.