Радмила Шеќеринска е избрана за потпретседател на Партијата на европски социјалисти

Радмила Шеќеринска е избрана за Потпретседател на Партијата на европски социјалисти и прва жена што ќе биде на чело на таа функција од земја што има кандидатски статус за ЕУ.

Поранешната министерка за одбрана беше во Берлин каде и се одржа Конгресот на партијата на европските социјалисти и оствари средби со значајни светски политички претставници.

По тој повод напиша и на Фејсбук:

ЕУ мора да покаже дека проширувањето е живо и носи кон членство. Благодарност до ФЕПС (Фондација за европски прогресивни студии) што ја вклучи темата на Конгресот на ПЕС. Проширување версус продлабочување е лажна дилема: за да бидат успешни, потребни се и двете.