Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го отелотвори Рубеус Хагрид, омилениот лик од култниот „Хари Потер“, почина вчера на 72-годишна возраст, како што јави „Би-би-си“.
Глумејќи го чуварот на клучевите и имотот во Хогвортс заработи милиони и ги освои срцата на обожавателите ширум светот, но неговиот живот не беше ни приближно сличен како типичните холивудски актери.
Пред да умре, Роби речиси две децении живеел во изнајмена пренаменета штала во ридовите западно од индустрискиот дел на Глазгов. Месечната кирија ја плаќал во износ од илјада фунти. Според приказните на пријателите и соседите, актерот поради болниот остеоартритис пет години бил во инвалидска количка и станал затвореник на сопствениот дом.
Актерот минатата година се појави во телевизиски специјал по повод 20-годишнината од првиот филм од франшизата за Хари Потер и шокираше многу фанови кои не знаеја дека е во инвалидска количка.
Првиот успех во кариерата го доживеал во британската крими-драма серија „Cracker“, но негов најголем успех беше улогата на Хагрид. Поради неговата лоша здравствена состојба, верните фанови на Хари Потер беа длабоко изненадени што актерот навистина се појави на 20-годишнината од првиот филм. Најпознат беше и по улогата на Валентин Зуковски, ривалот на Џемс Бонд во два филма „Златно око“ и „Светот не е доволен“.