И Ковачевски зборува за кратење на плати, патувања и трошоци, половина влада од ДУИ во партијата во Речица се појави со владини автомобили кои ги плаќаат граѓаните
- Дезертерот Ковачевски во вечерашното интервју призна дека власта има конфликти, поделби и е разединета, освен во моментите кога крадат и прават криминал. Самиот Ковачевски призна дека милионскиот тендер за Коридорот 8 завршил во рацете на консултанска фирма регистрирана во Велешко село.
Воедно Ковачевски не кажа ниту збор за аферата Броило зад која стои злостроничко здружување за трговија со влијание и соларен картел кој исцицал од државата тендери и бизниси од 26 милиони евра. И додека папата на соларниот картел Ковачевски зборува за кратење на плати, патувања и трошоци, половина влада од ДУИ во партијата во Речица се појави со владини автомобили кои ги плаќаат граѓаните. Ковачевски наместо демагогија треба да се соочи со одговорност за сите криминали и афери. – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.