Бектеши: Државните институции минатиот месец оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто

Според податоците за потрошувачка во септември 2022, споредено со истиот месец лани, државните институции оствариле вкупно заштеда на електрична енергија од 18 отсто, објави вечерва на Фејсбук министерот за економија – Крешник Бектеши.

Министерот Бектеши наведува дека мерките за заштеда на електрична енергија, кои ги донесе Министерството за економија, а се задолжителни за државните институции, ги даваат резултатите.