Ахмети ја покани „Огнената група“ на средба пред утрешниот Генерален совет

Откако „Огнената група“ од ДУИ денеска не учествуваше на консултативната средба што ја свика Али Ахмети, лидерот на партијата ги повикал на состанок во Мала Речица. Средбите му претходат на утрешниот состанок на Генералниот совет на ДУИ на кој треба да се избираат највисоките партиски тела.

Извори од оваа група информираат дека причината за бојкотот на консултативната средба е незадоволството од прелиминарните средби и методот што го предложил Ахмети за имињата што ќе го сочинуваат тимот на партиски потпретседатели.

Според изворите, како што објави тв Алсат,имињата кои се споменуваат на последните средби се:

Фатон Ахмети, генерален секретар
Валдет Џафери, организационен секретар
Изет Меџити, потпретседател
Арта Биљали, потпретседателка
Арбер Адеми, потпретседател
Бајрам Реџепи, потпретседател
Бујар Османи, портпарол

Групата не се согласува со тимот бидејќи според нив, предложените имиња, со исклучок на Изет Меџити, се сметаат за луѓе блиски до вицепремиерот Артан Груби, додека одлучувањето ќе биде заложник на лидерот на партијата Ахмети и вицепремиерот Груби. Врз основа на овој состав, Меџити се вели дека ја разгледал опцијата за негово повлекување од предложената функција зашто останатите на листата се само алатки на Ахмети и Груби.

Огнената група не се согласува со фактот дека на консултативните состаноци не се разговара и одлучува за иднината на партијата, туку повторно во игра се ставаат истрошени лица.
Според незадоволните, простор треба да им се даде на личности со интегритет со кои ќе се носат внатрепартиските одлуки.