„Имајќи ги предвид моите шест пратенички мандати и ова искуство како претседател на Собранието во втор мандат, функција која првенствено подразбира преземање одговорност, немам дилеми дека двете одлуки што ги донесов се сосема исправни вклучително и овие за иницијативите за референдумите. Во тој контекст јас ништо не сум направил што е надвор од моите надлежности“.
Ова го вели собранискиот спикер Талат Џафери во интервју за „Слободен печат“ и посочува дека особено во овој период имаат обврска да обезбедат функционалност на Собранието.
„Јас укажувам на сите дека Собранието, поготово во овој период кога веќе сме отпочнале процес треба да е функционално, да ги заврши своите обврски пред се за да обезбеди функционалност на другите институции. Никој не треба да се смилува за да профункционира Собранието во полн капацитет, согласно потребите на држава и на нејзините граѓани, туку секој треба да си ја провери сопствената совест и одговорност“ – вели Џафери.