„Децениум“ – студентска изложба за дизајн

Студентска изложба за дизајн „Децениум“ ќе биде отворена денеска во центарот за дизајн и иновации, „Јавна соба“.

Станува збор за завршна изложба на студенти од академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн, визуелни уметности (мултимедија) и веб дизајн (UX/UI+) на „СКАЛА”, Школата за дизајн, уметност и технологија“.

Публиката ќе има можност да погледне повеќе од 500 дела на 70 студенти од генерацијата 2021/2022 и тоа: фотографии, илустрации, филмови, графички дизајн решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи, скици и сл.

Непосредно пред самата изложба ќе бидат доделени дипломи, признанија и награди за најуспешните студенти од генерацијата.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и Скала магазин.