Стразбур: По шокантниот говор, откажана работната вечера со албанскиот премиер Еди Рама

По вчерашното обраќање на албанскиот премиер Еди Рама во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, кое мнозинството од пратениците го нарекоа шокантно, Претседателството на ПССЕ ја откажа работната вечера со Рама, поради, како што велат оттаму, „дрскоста и навредите кон многумина”.

Претседателството на ПССЕ попладнето ги известило и шефовите на пратеничките групи дека ја откажуваат вечерата со Рама. Во пораката се наведува дека „по попладневното обраќање на албанскиот премиер Еди Рама, Претседателството одлучи да ја повлече поканата до премиерот за работна вечера”.

Во Советот на Европа дел од пратениците коментираат дека не се сеќаваат досега да се случило вакво нешто, да биде откажана работна вечера со висок државни од некоја земја.