Руските сили повторно го ракетирале градот Запорожје

Руските сили извршиле уште еден ракетен напад врз градот Запорожје, а во еден од окрузите избувнал пожар, пренесуваат украинските медиуми.

Шефот на регионалната воена управа на Запорожје, Олександар Старух, ја потврди информацијата дека во раните утрински часови Русите уште еднаш истрелале ракети кон украинскиот град Запорожје. Старух подоцна појасни дека нападот бил извршен со три ракети од системот „С-300″.

Неофицијалните информации велат дека нема жртви утринава во рускиот ракетен напад врз Запорожје. Како што јавуваат медиумите, Русите уште еднаш го гранатираа украинскиот град Запорожје во раните утрински часови, потврди гувернерот на тој регион.

„Непријателот го нападна Запорожје. Уништена е инфраструктурата на еден градски округ. Службите се на терен. Се собираат информации за жртвите“, изјави Анатолиј Куртев, портпарол на градскиот советпретходно.

Запорожје е една од главните цели на руските ракети во последните денови. На луѓето им било кажано да останат во засолништа, а сведоците веќе слушнале неколку експлозии во градот во текот на ноќта. Засега нема повеќе информации.