Маричиќ: Македонија вчера доби позитивен годишен извештај на ЕК за 2022 година

Македонија вчера доби позитивен годишен извештај на ЕК за 2022 година. Имаме одржливи реформи, препознаен напредок и ни претстојат нови можности,изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Македонија вчера доби позитивен годишен извештај на ЕК за 2022 година. Имаме одржливи реформи, препознаен напредок и ни претстојат нови можности,изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир по повод добиениот извештај од Европската комисија.

Според вицепремиерот Македонија најдобро стои во регионот во кластерот фундаментални вредности, кој е најважен за динамиката на преговорите, но исто така и во кластерот ресурси, земјоделство и кохезија.

Еврокомесарот Гир за работата во Собранието рече дека треба да се ограничи процедурата за носење закони зато што голем дел од закопните не биле донесени. Евроамбасадорот прашан за коментар за отворањето на бугарските здруженија рече дека оваа земја има добро досие во врска со почитување на малцинските зедници и оти МНР јасно кажа дека линијата била пречекорена.