Гранатиран е Миколаев, погодена е петкатница

Градот Миколаев во јужна Украина беше гранатиран во текот на ноќта, изјави градоначалникот на градот, Олександр Сенкевич, на Телеграма денеска рано наутро.

„Погодена е петкатна станбена зграда. Два од неговите горни ката беа целосно уништени, а останатите беа под урнатини“ – рече Сенкевич, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Тој додаде дека спасувачите работат на лице место. Градоначалникот не кажа дали има повредени или загинати.

Друг јужен град, Никопол, исто така пријавил гранатирање во текот на ноќта, изјави на Телеграм пратеникот на украинскиот парламент, Алексеј Гончаренко.

Гончаренко рече дека е повреден 59-годишен маж, а оштетени се околу 30 високи згради и приватни куќи, оставајќи околу 2.000 семејства без струја.

Последните напади следеа по три дена последователни смртоносни руски напади врз цивилната инфраструктура низ Украина.