Никола Димитров во емисијата 24 Отворено на ТВ 24 истакна дека денес светот станува мултиполарен, со нејасни рамки и има неколку клучни елементи кои ја цртаат мапата. Тука е натпрреварот меѓу Кина и Америка, а има и други кои си бараат свој интерес.
– Бараат да бидат регионална сила, Индија, Бразил, Мексико. ЕУ како клучен играч на европскиот континент се обложи на меѓузависност и реалтивно одржлв глобален поредок. Економскиот раст зависи од ефтина енергија од Русија и другата зависност е од кинескиот пазар. Просперитетот на ЕУ е базиран на два столба кои денес се разнишани. Потежок е сега пристапот кон кинескиот пазр, а Европа бара начин да ја поништи зависноста од руските ресурси, а за безбедноста на Европа се потпираме на САД. Живееме во време кога има радикална непредвидливост. Има и политички движења што играат на картата враќање назад. Мора да се адаптираме и да станеме отпорни на влијание. Дури и американското присуство на европскиот континент не треба да се зема здраво за готово. Америка повеќе се врти кон Азија, Кина е главниот фактор, Европа може да не биде толку важна во иднина. – рече Димитров.