Не постои цензура ниту каква било произволна измена на текстот на песната „А бре, Македонче“ на вчерашната изведба на прославата на 11 Октомври во Куманово, вели директорот на Националната опера и балет (НОБ) Васо Ристов, кој објаснува дека се користела поинаква верзија на песната.
- Остро демантираме дека постои цензура или каква било произволна измена на текст на песна, со политичка позадина. На настанот е користен автентичен аранжман чија хармонизација е правена од Драган Шуплевски, потврдена од Национална опера и балет и Сојуз на композитори. Хармонизација на аранжманот според нашите сознанија е правен во доцните 1970-ти односно рани 1980-ти, велат од НОБ.
Вчерашната верзија на македонската химна на партизанското движење, каде наместо познатиот стих „нека разберат клетите фашисти македонско име нема да загине“, хористите испеаја „нека разберат душманите клети македонско име нема да загине“ се разликува од оригиналната, која е дело на Коле Чашуле, Крсте Црвенковски и Ордан Михајлоски Оцка. Двајца од нив, Чашуле и Црвенковски првоборци од Прилеп токму на 11-ти октомври 1941-та.
81 година подоцна власта почит кон нив изрази на начин што емитуваше променета верзија од нивната патриотска песна.
На прашањато зошто се емитувала ваква верзија на песната, од Владата демантираат дека имало политички притисоци за промена на песната, велат користеле променета верзија на аранжманот.
- На настанот е користен автентичен аранжман чија хармонизација е правена од Драган Шуплевски, потврдена од Национална опера и балет и Сојуз на композитори. Хармонизација на аранжманот според нашите сознанија е правен во доцните седумдесетти односно рани осумдесетти, велат од Владата за медиумите.