Столтенберг: Главен приоритет ќе биде поголема противвоздушна одбрана на Украина

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се среќаваат денеска и утре во клучен момент за нашата безбедност – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг при пристигнувањето на министрите во Брисел на дводневниот состанок што започна денеска.

Столтенберг на новинарите им рекол дека најсериозната ескалација на војната од почетокот на инвазијата се случила во последните недели.

– Русија мобилизира десетици илјади нови војници. Тие се обидуваат илегално да анектираат нови украински делови од земјата. Видовме неселективни напади врз украинските градови. И, се разбира, слушнавме прикриени нуклеарни закани кои доаѓаат од Москва. Тоа е најсериозната ескалација од февруари – нагласи тој.

Тој истакна дека денеска министрите ќе се сретнат со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, а пораката на сојузниците во НАТО ќе биде дека се непоколебливи во поддршката за Украина, како и дека се подготвени да ја поддржат оваа земја на долг рок. се додека тоа е потребно.

Според Столтенберг, главен приоритет ќе биде поголемата противвоздушна одбрана на Украина, а ќе се разговара и за обновување на резервите на муниција и оружје.

Освен што ќе се разговара на темата за отпорност на критичната инфраструктура, ќе има и состанок на министрите за одбрана на НАТО на кој министрите ќе разговараат за мисиите и операциите, од Ирак до Косово.

Додека во Бизел деновиве со големо медиумско присуство се следи состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој ќе се разговара за големите безбедносни предизвици за Европа, една од важните теми на маса ќе биде ситуацијата на западниот Балканот.

Столтенберг им повтори на новинарите дека НАТО има големо присуство на Западен Балкан, а со тоа и во Босна и Херцеговина.

– Војниците на НАТО во Косово помагаат да се поддржат дипломатските напори на Европската унија и дијалогот меѓу Приштина и Белград. Работиме заедно со ЕУ и во Босна и Херцеговина. И секако, имаме членови и во Западен Балкан. Двете најнови членки на Алијансата се всушност земјите од Западен Балкан, Северна Македонија и Црна Гора. Затоа, Западен Балкан е важен за НАТО и затоа продолжуваме да се фокусираме на тој регион – заклучи Столтенберг.