Белград утрово најзагаден град во светот

Белград утринава беше најзагадениот град во светот со алармантно лош квалитет на воздухот.

Според податоци од апликацијата „IQ Air“, Белград повторно го зазеде првото место на листата на најзагадени градови во светот, коментираат од „Блиц“ и додаваат дека индексот на загаденост бил 172.

Нешто „подобра“ е состојбата во главните градови на Индија, Полска и Обединетите Арапски Емирати, кои ги заземаат второто, третото и четвртото место на оваа листа.

Меѓу првите пет е и Кина, односно главниот град Пекинг, кој исто така е обоен во црвено што е знак за многу нездрав и загаден воздух.

Веднаш зад нив е Сараево (БиХ) со 132, додека пак Скопје е на триесетатата позиција со индекс на загаденост 70.