На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Таа беше професорка по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на ЕУ и на САД.
Професорката Петрушевска има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и во странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија