Каматата за новиот заем од ММФ ќе е меѓу 1 и 2 отсто, порача премиерот

Каматата за новиот заем од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е помеѓу 1 и 2 отсто.

ММФ и Министерството за финансии постигнале договор за Инстументот на ММФ за претпазливост и ликдвидност, за што информираа вчера.

„Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната и наредната година и каматата е помеѓу 1 и 2 отсто, а потоа сукцесивно оди враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата. Овој инструмент се користи за поддршка на буџетот и девизните резерви“, рече премиерот Димитар Ковачевски за тв24.

Вели дека опозицијата цело време ја критикувала власта за овој заем.

Македонските власти велат дека парите ќе се искористат за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.

Веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби.