Османи: Македонија ги осудува ваквите неприфатливи дејствија извршени од страна на Русија

Министерот за надворешни работи на социјалните мрежи се огласи и ги осуди ракетните напади на Русија врз неколку украински градови во кои има неколку загинати и повредени цивили.

Денешните ракетни напади врз цивилни цели во Киев, Лавов, Днипро, Харков, Криви Рих и други делови од Украина претставуваат флагрантно кршење на меѓународното хуманитарно право, како и дополнително поткопување на меѓународниот поредок заснован на правила.