Премиерот утре ќе му го предложи на собранието Ристо Пенов од ЛДП да биде нов министер за локална самоуправа на местото на Горан Милевски кој си поднесе оставка
Оставката на Милевски веќе е во собраниската архива и се очекува таа да се најде пред пратениците на седницата закажана за идниот понеделник на 17 октомври.
Дали тогаш пред пратениците ќе се стави и изборот на нов министер веројатно ќе зависи од расплетот во Мала Речица каде за наредниот викенд е закажана седница на партиските тела кои треба да изберат ново партиско раководство.
Доколку Ахмети не успее да го смири револтот кај Огнената група тогаш нема да биде изненадување доколку со Милевски си замине уште некој од министрите на ДУИ, а први на удар се Груби и Османи.
По најавите дека е подготвена да разговара за влез во Владата, од Алијанса за Албанците велат дека таков предлог партиските тела воопшто не разгледувале.
Порачаа дека немаат намера да му бидат бек ап на Ахмети и не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на било која партија.