Во Москва наголемо се апсат воени функционери, тврдат украински разузнавачи

Украински разузнавачи тврдат дека во Москва е во тек серија апсења на руски воени функционери.

Според Главната управа за разузнавачки работи при Министерството за одбрана на Украина, специјалните единици на Националната гарда на Русија (Росгвардија) дејствуваат во градот и дека тие се движат низ Москва во придружба на полициски единици.

Тие тврдат и дека во центарот на главниот град на Русија сообраќајот е блокиран.

Украинските разузнавачи наведуваат дека имаат информации за бројни апсења и приведувања на воени службеници, за кои не се известува во руските медиуми.

Во извештајот се наведува и дека сите воени единици во московската област се ставени во состојба на готовност.