Словенија забрани масовни дочеци на Нова година на отворено. Сепак, тамошната Влада дозволи угостителите да работат до раните утрински часови, но со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот.
За разлика од минатата година, во црквите ќе се одржат полноќните богослужби, но ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица, оние кои преживеале ковид-19 или имаат негативен тест.
„За време на божиќните и новогодишните празници, на 24, 25 и 31 декември, како и на 1 јануари, ќе биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите постари од шест години“, се вели во соопштението од словенечката Влада.
Во рестораните е дозволена и музика во живо, а гостите ќе можат да се тестираат непосредно пред да влезат во просторот.