Гир за Трилинг: Почитувањето добрососедските односи е клучен елемент во процесот на зачленувањето во ЕУ

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир, истакна дека руската инвазија врз Украина ќе биде со страшни последици за Европа. Тоа претставува предизвик за светскиот правен поредок и предизвикува големи последици по безбедноста на целиот континент.

  • Видовме какво влијание имаше врз Финска и Шведска и нивната позиција во врска со НАТО и тоа имаше директни импликации врз многу луѓе и нарушување на економијата, последиците со порастот на цената на храната и на полето на енергијата. На подолг период ќе видиме еколошки последици. На полето на енергијата кое е едно од најзасегнатите области сите сме засегнати од притисокот на цените и проблеми со снабдувањето. за ЕУ стана јасно дека Русија не е снабдувач на кој може да се потпре, видовме намалување на нашата зависност од гас од 40% на 8% и ова дополнително ќе се намали, но ги гледаме и последиците за снабдувањето и цените. Како одиме понатаму, најважно е да бараме заеднички решенија и  да видиме како може да и помогнеме на земјата, во исто време со ЕУ, додека се разгледува прашањето за снабдување и цени. – вели Гир.

Амбасадорот вели дека патот до ЕУ за нас не беше лесен и имаше оддолжување проследено со фрустрации. Логиката на проширувањето  на Западен Балкан е многу силна преку взаемната сигурност и стабилност, градење на државата и просперитет. се направиле важни чекори.

  • Го отворивме преговорите со Македонија и Албанија. Ова е важен развој и тоа го видовме со првите состаноци околу скринингот и како што баравме отворање на патот кон ЕУ, сега тој е отворен и сега во голема мерка зависи од темпото со кое земјата и другите земји ќе напредуваат со агендата на реформи. Европската политичка заедница воопшто не е замена. Имаме во тек процес на зачлеување, кој е јасен,  знаеме кои чекори треба да се преземат и секако преговорите се веќе започнати со Србија и Црна Гора. Јасни се чекорите кои треба да се направат во процесот на зачленувањето. Европската политика заедница е нешто друго. Стана јасно дека  постои потреба за координација и дискусии со некои  од клучните партнери во Европа за главните предизвици со кои денес се соочуваме енергијата, миграцијата и војната во Украина. – вели Гир.

Амбасадорот Гир смета дека поради тоа претседателите Макрон и Мишел ја усвоиле оваа идеја за Европската заедница со 27 земји членки на ЕУ, Западен Балкан, но и земји кои не сакаат да бидат во ЕУ, како Обединетото кралство и Швајцарија. Во однос на скринингот, процесот е започнат, тоа е анализа на законите и практиките кои се на сила во ЕУ и споредба со тоа каде се наоѓа земјата.

  • Кои чекори треба да ги преземе земјата со цел да ги достигне неоходните стандарди за членство во ЕУ. овој процес е процес на трансформација, ги покрива сите сектори на секојдневниот живот, земјоделие, транспорт, царина, статистика, судските реформи и човековите права. една од првите работи кои ги гледаме во овој процес на преговори е реформата во јавната администрација, за да се увериме дека имате администрација која е способна тие реформи да ги спроведе. Има искусни луѓе во администрацијата, но обемот на работата бара нејзино значително зајакнување. не само за спроведување на реформите за да се отвори вратата на ЕУ, туку и да се осигурате дека кога ќе влезете, ќе бидете способни да ги преземете сите одговорности и да ги добиете сите бенефиции од членството. – вели Гир.

Гир смета дека е најважно да се почитуваат добрососедските односи и тоа е клучен елемент во процесот на зачленувањето и затоа е потребно Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија да се спроведува со добра волја. Уставните промени се суверена одлука на земјата, па точниот тајминг кога треба да се донесат зависи исклучиво од неа. Може да очекуваме дека скрининг процесот ќе трае 14-16 месеци, нагласи Гир.