ТВ колумна на Мирче Јовановски за Светската банка

Новинарот во „Независен“ Мирче Јовановски се осврна на извештајот на Светска банка за економските прогнози во земјите од регионот каде централно место е влијанието на украинската криза и влијанието врз економиите на земјите од Јужна и Југоисточна Европа. Во тие рамки посебно значајно е предупредувањето за нас и иопасноста од стагфлација.

  • Тоа е економски феномен кадешто доаѓа забавен еконосмки раст подолго време, проследен со виока инфлација и зголемена невработеност. Оваа состојба за прв пат се јави во 7-тите години на минатиот век во САД, под влијание на нафтената криза. Оттогаш, економистите укажуваат на оваа опасност и како состојба која најтешко се надминува. Ова предупредување на Светска банка треба да не загрижи, особено луѓето кои ги водат економските ресори во државата. Треба да се има в предвид дека кај нас стапката на инфлација е значајно повиока од онаа во ЕУ и еврозоната. – вели Јовановски.

Тоа укажува дека не влијаат само увезените компоненти на инфлацијата, туку и некои домашни проблеми излегуваат на површина. Најголемите економисти не погодија во однос на проценките за траењето на инфлацијата и факторите кои влијаат на економскиот раст. Очигледно, ние ја плаќаме цената од времето на пандемијата кога се истураа многу пари од централните банки и она што дојде подоцна како криза поради украинската војна.

  • Главна дилема сега кај земјите и кај нас е на што да се стави приоритет, дали на борбата против инфлацијата или рецесијата. Инфлацијата е проследена со соодветни стапки на економски раст. Предупредувањата на Светска банка се дека ваквите буџетски трошења треба да престанат, дека треба потаргетирано да се насочуваат мерките кои ќе значат помагање на граѓаните и стопанството. – вели Јовановски.