Поранешниот министер Никола Тодоров смета дека средбата помеѓу Ковачевски и Мицкоски е кооперативна, а не бизнис интерес, зошто ако е бизнис интерес во вакво време, тоа ќе биде катастрофа. Вели дека ова не е време за тоа. Сега треба заедно да соработуваат, зошто бизнис секторот е пред колапс.
- Не знам дали тоа го гледаат и ако го гледаат зошто ништо не преземаат. Како адвокат кој работи со фирми, тие плаќаат 32 денари за киловат, тоа е 500 евра мегават и не знаат како да бидат конкурентни тука, а не на странските пазари. Ние ќе го изгубиме нашиот пазар, а не да освојуваме надвор и тоа е катастрофа за економијата. Вработените во приватниот сектор ранат над 1 милион во државата. – вели Тодоров.
Тодоров вели дека никогаш не било време за широка коалиција ако се прашаат партиите и секогаш кога има криза е подобро е такво решение. без широка коалиција доаѓаме до оваа ситуација, навреди од двете страни. Вели дека треба да има некаква човечка скрупула која нема да дозволи вакви навреди и во таква ситуација интензијата ќе падне. Додека двете страни се навредуваат, бизнисот пропаѓа и никој не ги слуша.
- Ова ми изгледа на болен политички амбиент во кој нормален човек не би учествувал и ако вака продолжи, нормален човек нема да сака да влезе во политика. Никој не сака за себе да слуша епитети и омаловажувања. и така ќе имаме негативна селексција која ќе доведе до тонење на државата и се чудиме зошто луѓето се селат. не се селат за пари, туку се селат добро ситуирани луѓе поради неиздржливиот амбиент. – вели Тодоров.
Според него, превирањата во ДУи може да имаат рефлекција врз функционирање на Парламентот и вели дека ДУИ покажува поголем демократски капацитет поголем од владата и опозицијата и проблемите ги решаваат преку разговор. Во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ внатрешните превирања се решаваат со омаловажувања и исклучувања, во ДУИ се решаваат со разговор, што е поразително за власта и опозицијата. На ДУИ не му одгоавра сега посериозна реконструкција и промена на политичката сцена зошто имаат силна моќ во владата. ДУИ кога ќе тргне, ќе најде начин да си ја задржи моќта што ја има сега, а порано ја немале. не сум навлезен во нивните меѓусебни односи, но прва водилка ќе им биде политичката моќ, што може да ја нарушат ако настане пореметување во ДУИ, вели Тодоров. Во однос на судирот помеѓу Арсовска и опозицијата, вели дека тоа е многу сериозно.
- Градоначалникот е многу силна политичка фигура на сцената. Лошо е што опозицијата го губи тоа важно политичко место кое носи моќ и можност за подобар исход на следните парламентарни избори или обратно. Овие обвинувања се на ниво на вербални обвинувања, нема нешто опипливо. Сето тоа оди на контото на претседателот на опозицијата кој ја одбрал. – вели Тодоров.
Во врска со спорот со Бугарија, Тодоров смета дека ова што се случува е жално и не сме толку далеку едни од други, географски, јазично и културолошки навики. Инситирањето од нивна страна да се кажуваме дека сме Бугари е нецивилизациско. Кај нас нема политичари, ниту ќе се роди, што ќе наметне дека Гоце Делчев бил Бугарин. Сите спорови се решаваат на маса.