Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи вечерва преку објава на својот фејсбук-профил соопшти дека нивната пратеничка група утре ќе достави предлог-закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации, а во контекст и во пресрет на отворањето на новиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, што е најавено за утре во Охрид од новооснованото здружение „Цар Борис Трети“.
„Утре ќе доставиме Закон за изменување и дополнување на законот за здруженија и фондации, па мнозинството нека не го гласа и јавно, јасно и гласно нека каже дека е на погрешната страна и на историјата и на сегашноста“, напиша Мизрахи.
Партијата Левица вчера повика на голем протест во Охрид поради, како што велат оттаму, „отворањето на клуб на бугарскиот Хитлер – Цар Борис Трети. Левица преку својот охридски огранок поднесе иницијатива за забрана на ова бугарско задружение кое го носи името на фашистичкиот соработник на Хитлер во Втората светска војна.

Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека партијата го поддржува протестот и повика да се протестира , но тоа да биде демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто „во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ“.