ЕСМ обезбеди гас за две недели од стартот на грејната сезона. Државните електрани ги набавија првите количини за топланите Исток и Запад, кој од пред неколку дена ги земаат под закуп од Адора. Според владини извори 3 до 4 милиони купни метри гас се обезбедени од АД Макпетрол, и ќе бидат доволни за 15 тина дена, односно до крајот на октомври.
Откако ќе бидат потрошени овие количини, Владата треба да одлучи дали овие топлани ќе продолжат да работат на гас или пак ќе се користат друго гориво како на пример дизел. Тоа ќе зависи од цените на овие енергенси на светските берзи , но и од ТЕТО.
За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје. Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси, се вели во дописот од ЕСМ.
Разговорите со раководството на ТЕТО се уште се водат. Прашањето е дали компанијата сама ќе набавува гас или тоа ќе мора да го прави ЕСМ доколку согласно членовите 33 и 6 го преземе управувањето на оваа когенеративна централа.
Сепак, според познавачите топланите Исток и Запад ако не користат гас за производство на топлинска енергија, другата опција е мазут.
Опремата за производство на топлинска енергија е таклва да може да се користи мазут или гас. Не може да бидат деривати од тој тип како дизелот. Така да двете опции се тука на рапослагање мазут и гас. Е сега кога ќе се користи мазут тој повеќе загадува, вели за Телма, Димитар Хаџимишев, поранешен директор на Топлификација.
Истовремено државата спасот го гледа и во државните резерви. Предлог законот за задолжителни нафтени резерви е во Собрание и треба да се доенсе по скратена постапка. Со него би се озвоможило за краток период да се ослободат 50 отсто од резервите на мазут, дизел и нафта за загревање. Количините би им се дале на јавните претпријатија и државните институции како позајмица , а без надомест би им се испорачале на комапниите кои вршат енергетска дејност , односно на ЕСМ и ТЕЦ Неготино.
За сега единствено Скопје Север испорачува парно за жителиуте на Бутел, Чаир и Топанско. Компанијата набавила гас за до крајот на годинава, но без државна помош предупредија дека ќе бидат приморани да ги затворат вентилите.