Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пред почетокот на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага истакна дека ова е голема иновација, која треба да придонесе за мирот, безбедноста и просперитетот на Европа.
Шолц истакна дека е добро што покрај сите состаноци што постојат во ЕУ, во рамките на ОБСЕ, Советот на Европа и другите институции, е воспоставен нов формат во кој лидерите на цела Европа имаат можност да го поминат целиот ден, без притисок на агенда и обврска за заклучоци, да разговараат за иднината на Европа.
Средбата е добра и затоа што ЕУ може да ги подобри односите со соседите, од кои некои се веќе на пат кон Унијата.
Тој посочи дека оваа средба не може да се одржи без да се фокусира на ситуацијата во врска со Украина.
„Добро е што сите на различни начини ја поддржуваме Украина и верувам дека тоа е видливо за сите што дојдоа, знак дека рускиот напад врз Украина е брутално кршење на меѓународниот мировен поредок. Затоа е важно да не ја прифатиме таа агресија и да биде припоен дел од соседната земја, како и никогаш да не признаваме привидни референдуми“, нагласи Шолц.